Глобална изјава на Јанг Лајф за заштита на личните податоци

б​ългарски Č​e​sk​y Deutsch​​​ English Francais​
Polskie


ПОСЛЕДНО АЖУРИРАЊЕ ВО МАЈ
2018

Јанг Лајф постои за да ги воведе адолесцентите во Исус Христос и да им помогне да растат во нивната вера. Јанг Лајф активно ја врши оваа мисија меѓу деца од основните, средните училишта и студентите во сите 50 држави на САД, како и во повеќе од 90 земји ширум светот.

За да ја прошири оваа глобална мисија, Јанг Лајф и разните мисиски организации поврзани со неа може да ги прибираат, обработуваат, употребуваат или споделуваат твоите лични податоци. Целта на оваа изјава за заштита на личните податоци е да ти објасни како Јанг Лајф би ги употребувала твоите лични податоци и колку сериозно ја прифаќа својата должност да ги заштити твоите права и твоите лични податоци.

Кога го користиме терминотЈанг Лајф,” “ние,” “нас,” инаш/а/о/и,” тоа се однесува на Јанг Лајф, непрофитна корпорација од Тексас и нејзините филијали и организации поврзани со неа. „Лични податоци“, општо земено, се однесува на сите податоци кои директно или индиректно се однесуваат на тебе, но можат да се употребуваат термините „лични информации“, „лични податоци“, или „лични информации за идентификација“ врз основа на важечките закони и го носат значењето што им го доделуваат овие важечки закони.

Одвреме навреме, може да ја ажурираме оваа изјава за заштита на личните податоци, затоа те поттикнуваме да ја проверуваш повремено, обрнувајќи посебно внимание на „ПОСЛЕДНИОТ АЖУРИРАН“ датум наведен погоре. Во одредени околности, Јанг Лајф може да те контактира за посебно да те извести во врска со промените извршени во оваа изјава за заштита на личните податоци.

 

Посветеноста на Јанг Лајф на заштита на личните податоци

Глобалната полиса на Јанг Лајф е да практикува високи стандарди на грижа при користењето на личните податоци и нивното прибирање, обработување, употреба и споделување. Јанг Лајф ќе спроведува соодветни полиси и процедури во текот на својата глобална мисија за да ја зголеми заштитата на личните податоци и да обезбеди спроведување на важечките закони и регулативи. Јанг Лајф, исто така, е посветена и на проверка и зголемување на овие полиси и процедури како дел од нејзината глобална програма за заштита на личните податоци.

 

Закони применливи на оваа изјава за заштита на личните податоци

Јанг Лајф е глобална организација која доследно ги спроведува полисите и праксите за заштита на личните податоци со прифатените интернационални принципи за заштита на податоците. Овие полиси се надополнуваат на националните закони за заштита на личните податоци, и секој национален закон има првенство во случај да е спротивен на полисите на  Јанг Лајф. Во Европа, Општата регулатива за заштита на личните податоци (ОРЗЛП) е во сила од 25ти мај 2018. Ако ОРЗЛП и/или други ЕУ закони за заштита на податоците се применуваат на твојот случај, оваа изјава за заштита на личните податоци опишува како можеш да ги користиш своите права.

 

Каков вид на информации прибираме

Јанг Лајф ги прибира следниве видови на лични информации:

Информации за контакт: Тука се вбројуваат број на мобилен, адреса на живеење, SMS порака, е-адреса, телефонски број, детали од профил на социјалните мрежи

Демографски податоци: Тука се вбројуваат информации за тоа кој/а си ти, каде живееш, и кои програми и активности на Јанг Лајф те интересираат

Информации за вработување: Тука се вбројуваат информации потребни да се обработи твојата апликација за вработување и да се комплетира процесот на твоето вработување, како и работното досие, препораките, изјава дека не си осудуван/а, твоите лични квалификации или професионални параметри.

Финансиска историја: Тука се вбројува историјата за твоите донации во Јанг Лајф, услуги или производи набавени од Јанг Лајф, други финансиски трансакции помеѓу тебе и Јанг Лајф.

Податоци за идентитетот: Тука се вбројуваат име, датум на раѓање, пол, брачен статус

Информации за личните верувања: Тука се вбројуваат религиозните информации

Информации за плаќања: Тука се вбројуваат сметка во банка и рутирачки број, број на кредитна/дебитна картичка, број на чек, други релевантни финансиски податоци

Барања и побарувања: Тука се вбројуваат твоите побарувања за тоа како Јанг Лајф да комуницира со тебе, адаптации кои ги имаш извршено на кои било сметки во Јанг Лајф

Потребни здравствени податоци: Тука се вбројуваат здравствени информации потребни на Јанг Лајф за да можеш да присуствуваш на камп на Јанг Лајф или да учествуваш на некое патување или настан на Јанг Лајф, како и здравствената историја, картон за вакцинација, лекарски прегледи и биометриски податоци.

Безбедносни ингеренции: Тука се вбројуваат информации за најава и лозинка

Патни информации: Тука се вбројуваат барања поврзани со твоите патувања со Јанг Лајф, податоци од пасош, потреби и рестрикции поврзани со исхраната

Информации за волонтирање: Тука се вбројуваат информации потребни за да се обработи твојата апликација за волонтирање и да се комплетира процесот за твое ангажирање како волонтер, вклучувајќи и препораки, извештај дека не си осудуван/а, лични квалификации

Информации поврзани со Јанг Лајф: Тука се вбројуваат информации за твојата историја и вклученост во Јанг Лајф

 

Како ги користиме твоите лични податоци

Јанг Лајф ги користи личните податоци кои ти ни ги обезбедуваш за подобро да им служи на твоите побарувања и за понатамошно поврзување со мисиските и активностите на службата на Јанг Лајф. Без оглед дали си вклучен/а во некој клуб или камп на Јанг Лајф или го донираш твоите време и/или пари за нашите мисиски цели, Јанг Лајф вообичаено ги користи твоите лични податоци за да ги оствари своите легитимни интереси поврзани со нашата организациска мисија. Ние не ги продаваме, издаваме или изнајмуваме твоите лични податоци на други. Јанг Лајф ќе ги обработува твоите лични податоци само во согласност со соодветната законска основа и само за целите опишани во оваа изјава за заштита на личните податоци. Табелата подолу нуди список на примери за тоа како би ги користеле твоите информации, видовите информации кои се вклучени, и законската основа за ние да можеме да ги употребуваме твоите лични податоци.


 

Како ги користиме твоите лични информации

​Видовите лични информации кои се употребуваат Законска основа Примери и објаснувања​
​Да те контактираме за информации во врска со активностите на службата кои Јанг Лајф ги нуди во твојот регион ​Лични податоци, информации за контакт ​Легитимни интереси ​Некој вработен или волонтер на Јанг Лајф може да го употреби твоите име, телефонскиот број или е-адресата за да те покани на некоја активност организирана од некој клуб на Јанг Лајф во твојот регион.
​За да ти помогнеме при твојата вклученост во некој камп на Јанг Лајф и да ја проследиме твојата вклученост после кампот ​Лични податоци, информации за контакт, потребни здравствени информации, барања и побарувања, демографски информации, информации за плаќања, патни информации ​Договор ​Ние сметаме дека ќе ја искусиш твојата најдобра недела кога ќе присуствуваш на некој камп на Јанг Лајф. Потребни ќе ни бидат одредени информации од деца и родители за да го подобриме искуството на кампот. 
​За да ти помогнеме при твоето учество на некое патување со Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт, потребни здравствени информации, барања и побарувања, демографски информации, информации за плаќања, патни информации ​Договор ​Јанг Лајф нуди одлични кратки мисиски патувања, но потребни ни се лични податоци за да помогнеме при координацијата со патувањето и да ги соопштиме важните информации во врска со патувањето.
​За да ти помогнеме да отвориш сметка во мрежата на Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт, барања и желби, демографски информации, безбедносни ингеренции ​Договор и легитимни интереси ​Без оглед дали присуствуваш на некој наш настан или си верен дарител на Јанг Лајф, ние сакаме лесно да комуницираш со нас. Затоа, користиме различни мрежни решенија за да го подобриме твоето искуство со Јанг Лајф.
​За електронска маркетинг комуникација поврзана со активностите на службата на Јанг Лајф или со можности да донираш во Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт ​​​Согласност или легитимни интереси ​Би сакале да те известуваме за можностите во Јанг Лајф за кои можеби сé уште не знаеш, но не сакаме истовремено да ти праќаме и известувања кои не сакаш да ги добиваш. Ако веќе си соработувал/а со нас, сметаме дека можеме законски да контактираме со тебе преку електронската маркетинг комуникација. Сепак, сакаме ти да имаш целосна контрола над тоа, затоа извести нé ако не сакаш да добиваш вакви информации од нас.  
​За физичка комуникација (т.е. пошта, телефонски повик, и т.н.) поврзана со активностите на Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт ​Легитимни интереси ​Сé уште, повремено, ги користиме поштенските услуги за да комуницираме со тебе за твојот ангажман во Јанг Лајф и за да те известиме за важните ажурирања на нашата работа со деца.
​За не-маркетиншка електронска комуникација, за да те известуваме за новостите и случувањата во Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт ​Легитимни интереси ​Нашите вработени често ги информираат заинтересираните дарители и пријатели за случки и новости во врска со она што го прават во нивните служби. 
​За да ти овозможиме да аплицираш да служиш во Јанг Лајф како вработен или волонтер ​Лични податоци, информации за контакт, информации за твоите лични верувања, барања и желби, безбедносни ингеренции, демографски информации, информации за Јанг Лајф ​Договор ​Јанг Лајф внимателно ги следи потенцијалните работници или волонтери за да ја провери нивната состојба пред да се вклучат во нашата работа со деца.
​За да ја олесниме твојата регистрација за активностите поврзани со донирање во Јанг Лајф и за да го проследиме со тебе впечатокот од настанот. ​Лични податоци, информации за контакт, информации за плаќање ​Договор ​Еден вработен или волонтер во Јанг Лајф може да те покани да се придружиш на локалниот голф турнир или банкет за да дознаеш повеќе и да можеш да ја подржуваш работата на  Јанг Лајф во твојот регион.
​За управување со информациите за контакт ​Лични податоци, информации за контакт, барања и желби, демографски информации ​Легитимни интереси ​Напорно работиме за да ги средиме твоите информации во нашиот систем на најефикасен можен начин, за да можеме брзо да одговориме на твоите барања поврзани со Јанг Лајф, со твоите права или со твоите лични информации.
​За да понудиме некои од активностите на службата како духовно водство, библиски совети ​Лични податоци, информации за контакт, информации за твоите лични верувања ​Легитимни интереси ​Ние веруваме дека Бог те сака и дека Бог ги сака децата, а нашите вработени и волонтери сакаат да бидат присутни во животите на децата, да дознаат што им се случува во животот и да им ја покажат Христовата љубов.
​За да те вработиме како дел од персоналот на Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт, информации за твоите лични верувања, барања и желби, безбедносни ингеренции, демографски информации, информации за вработување ​Договор и законски обврски ​За да можеш да работиш во Јанг Лајф, мораш да ни обезбедиш лични информации кои ќе помогнат при твоето вработување.
​За да помогнеме при твоето волонтирање во Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт, информации за твоите лични верувања, барања и желби, безбедносни ингеренции, демографски информации, информации за волонтирање ​Договор и законски обврски ​За да волонтираш во Јанг Лајф, мора да ни обезбедиш лични информации кои ќе ни помогнат при твоето ангажирање како волонтер. 
​За да ги процесираме твоите донации ​Лични податоци, информации за контакт, информации за плаќање ​Договор и законски обврски ​Кога донираш во Јанг Лајф, ќе побараме од тебе да ни обезбедиш информации кои се неопходни за да се комплетира твојата донација и да направиме соодветен извештај за тоа. 
​За обврски поврзани со законските извештаи ​Лични податоци, информации за контакт, информации за плаќање, финансиско досие, информации за вработување и за волонтирање ​Законски обврски ​Јанг Лајф подлежи на одредени обврски поврзани со законски извештаи и овие извештаи може да вклучуваат твои лични податоци, но само до степен до кој Јанг Лајф е законски обврзан да ги обезбеди овие информации.   
​За испорака на производи и услуги од Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт, информации за плаќање, информации за Јанг Лајф ​Договор ​Можеби ќе сакаш да купиш маица или чаша од нашата онлајн продавница, или пак ќе се пријавиш за голф турнир.
​За да добиеме фидбек од тебе за активностите, производите и услугите на Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт, барања и желби, безбедносни ингеренции, демографски информации, информации за Јанг Лајф ​Легитимни интереси ​Повремено може да побараме од тебе да ни дадеш фидбек за некој настан за да можеме постојано да се подобруваме.
​За да одговориме на твоите барања ​Лични податоци, информации за контакт, барања и желби, безбедносни ингеренции, демографски информации ​Легитимни обврски ​Ние ги користиме твоите лични податоци за брзо да одговориме на какво било барање кое го имаш до Јанг Лајф.
​За да одговориме на твоите поплаки ​Лични податоци, информации за контакт, барања и желби, демографски информации ​Легитимни обврски ​Ние ги користиме твоите лични податоци за брзо да одговориме на каква било поплака која ја имаш против Јанг Лајф и за брзо да одговориме на каква било загриженост во врска со твоите права и лични информации.
​За да ги исполниме законите и одредбите за безбедност на децата ​Лични податоци, информации за контакт, информации за вработување и за волонтирање ​Легитимни обврски ​Јанг Лајф повремено врши проверка на криминални досиеја и нуди прашалник за мотивите како дел од нашата посветеност да ги исполнуваме највисоките стандарди на детската безбедност.
​За да ги вклучиме заинтересираните пријатели на Јанг Лајф во актуелната служба на Јанг Лајф ​Лични податоци, информации за контакт, барања и желби, демографски информации, информации за Јанг Лајф ​Легитимни интереси ​Јанг Лајф има иницијатива подржана од целосната служба, која е посветена да одржи контакт со поранешни студенти на Јанг Лајф наречени Јанг Лајф студенти или пријатели. Интернет страницата и програмата за студенти и пријатели ти овозможува да се поврзеш со други луѓе кои биле вклучени и се грижеле за Јанг ЛајфИнтернет страницата за студенти и пријатели, исто така, овозможува одлична можност да се откажете од понатамошен контакт или комуникација.
 

Како се прибираат информациите

Ние ги добиваме твоите лични податоци на следниов начин:

1.       Лична комуникација: Службата на Јанг Лајф ја дефинираат меѓусебните односи. Нашите вработени и волонтери редовно контактираат со децата, родителите, наставниците, училишната управа, тренерите, дарителите, и многу други поединци. Оваа меѓусебна интеракција е примарниот начин на кој Јанг Лајф ги добива информациите од тебе.

 

2.       Директно барањеМожеби самостојно си стапил/а во контакт со Јанг Лајф или си посетил/а некоја од нашите интернет страници. Ако си истражувал/а некоја од активностите на Јанг Лајф, си се вклучил/а во некоја активност, си донирал/а, си се регистрирал/а за некој настан или камп, или на некој друг начин си дал/а информации на Јанг Лајф, тогаш ние ги имаме твоите лични податоци. Те молиме, внимателно прочитај ја оваа изјава за заштита на личните податоци за да сфатиш кои се твоите права и каква е нашата посветеност поврзана со твоите лични податоци.

 

3.       Колачиња и други автоматизирани технологии:  Ако си ја посетил/а и/или си се регистрирал/а на интернет страницата на Јанг Лајф, некои од твоите лични податоци можат да бидат собрани од колачиња и други автоматизирани технологии кои се присутни на мрежата на Јанг Лајф. Прочитај го следниот дел за употребата на колачињата на Јанг Лајф за дополнителни информации.

 

Како и кога можеме да ги споделиме твоите лични податоци

Јанг Лајф обично не ги открива личните податоци на никого надвор од организацијата. Сепак, Јанг Лајф е глобална организација, која може, од причини наведени погоре, да ги сподели твоите лични податоци со:

1.       Други страни во рамките на или кои се поврзани со Јанг Лајф

2.       Јавни или државни организации за законските обврски опишани погоре

3.       Трета страна, услужители со кои Јанг Лајф склучила договор за да помогнат за типот на употреба опишан погоре, вклучувајќи сервис провајдери за онлајн управување со контакти, сервис провајдери за обработка во облак, компании кои помагаат при обработката на вашите донации или други финансиски трансакции, како и сервис провајдери за маркетинг преку е-пошта. Јанг Лајф склучила договор со овие интернет услужители како трети страни без да ја запостави заштитата на вашите лични податоци.

 

Меѓународен трансфер на податоци

Јанг Лајф е глобална организација која делува во различни делови од светот преку гранки на организацијата, филијалите и партнерствата. Затоа, може да ги пренесе твоите лични податоци од една во друга земја. Сите поединци од Европската економска зона или од Обединетото Кралство треба да бидат свесни дека е можен трансфер на личните податоци и надвор од Европската економска зона или од Обединетото Кралство заради обработка.

Секој трансфер на личните податоци од една во друга земја ќе се врши со соодветните безбедносни мерки и во согласност со важечките закони. Јанг Лајф и Европските филијали и партнерства ја имаат воспоставено стандардната клаузула од договорот во врска со пренос на податоци од некоја европска земја во други земји, како на пример САД.

 

Твоите права

Ако се наоѓаш во Европската економска зона или во Обединетото Кралство, имаш одредени права поврзани со твоите лични податоци. За да користиш некое од овие права, те молиме испрати е-порака до Јанг Лајф на privacy@younglife.org. Ние ќе одговориме на твоето барање во рок од 30 дена. Може ќе треба да го провериме твојот идентитет за да го обработиме твоето барање.

Овие европски права вклучуваат:

1.       Право на пристап

 

Имаш право да знаеш дека ги обработуваме твоите лични податоци, како ги обработуваме, и за која цел ги обработуваме. Оваа изјава за заштита на личните податоци е наменета да обезбеди транспарентност неопходна за да може да ги знаеш овие информации, но, секако, можеш да доставиш дополнително барање до Јанг Лајф преку е-порака на следнава е-адреса privacy@younglife.org.

 

2.       Право на промена и ажурирање на податоците

 

Имаш право да исправиш неточна информација, да ги ажурираш твоите лични податоци, и да ги дополниш некомплетираните информации во мрежата на Јанг Лајф. Мрежните решенија на Јанг Лајф често ти овозможуваат да ги направиш овие промени самиот/самата на тој начин што ти ќе управуваш со твојата онлајн сметка во Јанг Лајф. Ако оваа опција не ти е достапна, можеш да ги контактираш Јанг Лајф, испраќајќи им е-порака на privacy@younglife.org, а ние ќе одговориме на твоето барање без непотребни одложувања.

 

 

3.       Право да ги избришеш личните податоци

 

Имаш право да побараш бришење на твоите лични податоци од следниве причини:

а)    Ако податоците не се повеќе потребни за целата за која биле земени

б)    Ако повлечеш претходно дадена согласност која што била побарана за обработка на податоците.

в)    Ако приговараш на Јанг Лајф за обработката на податоците на одреден начин или заради одредени причини, а Јанг Лајф нема законска основа да продолжи со обработката на податоците.

г)     Ако твоите лични податоци биле незаконски обработувани

д)    Ако твоите лични податоци мора да бидат избришани за исполнување на законските обврски

ѓ)     Ако личните податоци се прибирани во врска со понудата од Услуги на информатичкото општество, како што е дефинирана во Член 8(1) од Општата регулатива за заштита на личните податоци.

 

Можеби ќе треба да го одбиеме твоето барање за бришење на личните податоци од следниве причини:

а)    Користење на правото на слобода на изразување и информирање

б)    За исполнување на законските обврски

в)    Поради јавен интерес како што е опишан во Член 17 од ОРЗЛП

г)     За воспоставување, исполнување или одбрана на законските жалби

 

За да доставиш барање за бришење на податоците, можеш да испратиш е-порака до Јанг Лајф на privacy@younglife.org. Ние ќе те известиме во рок од 30 дена дали барањето е прифатено, или дали и од кои причини не можеме да го исполниме твоето барање.

4.       Право да побараш ограничување на обработката на личните податоци

 

Имаш право да побараш рестрикција при обработката на твоите лични податоци од следниве причини:

а)    Ако сметаш дека твоите лични податоци се неточни, можеш да побараш рестрикција на обработката на податоците додека не се потврди точноста на информациите.

б)    Ако обработката на твоите податоци е незаконска, можеш да побараш бришење како што е опишано погоре, или да побараш одредени рестрикции.

в)    Ако контролорот нема потреба од информациите за целите погоре наведени, но мора да ги задржи информациите за воспоставување, исполнување и одбрана на законските жалби.

г)     Ако приговараш за обработката на твоите лични податоци и постои неизречена одлука за тоа, дали нашата законска основа за обработка ги игнорира твоите права опишани овде.

Како и со секое барање за бришење на твоите лични податоци, имаш право да бидеш известен/а од наша страна за рестрикциите при обработката на твоите лични податоци.

Ова барање можеш да го доставиш до Јанг Лајф преку е-порака на privacy@younglife.org.

 

5.       Право на преносливост

 

Имаш право да побараш да ти ги испратиме твоите лични податоци во структуриран формат, за општа употреба и во формат читлив на машина, за да може лесно да се пренесуваат и користат од трета страна ако:

 

а)    Ни ја дадеш оваа информација

б)    Обработката на твоите лични податоци се базира на твоја согласност или е побарана поради склучување договор; или

в)    Обработката се врши на автоматски начин.

 

Ова барање може да го доставиш до Јанг Лајф преку е-порака на privacy@younglife.org.

 

6.       Право на приговор и автоматско индивидуално донесување одлука

 

Имаш право да приговараш на нашата обработка на твоите лични подароци, кога законската основа за обработката претставуваат легитимните интереси на Јанг Лајф врз основа на твојата конкретна ситуација. Штом ќе добиеме приговор од твоја страна, Јанг Лајф ќе престане да врши обработка на твоите податоци, освен ако не демонстрираме задолжителна законска основа за обработка, која ги игнорира твоите права и слободи.  

 

Особено, имаш право на приговор за обработката на твоите лични податоци поврзана со директниот електронски маркетинг.

 

Исто така, имаш право на приговор за нашата обработка на твоите податоци, таму каде што обработката се врши автоматски, што може да има законско или друго важно влијание за тебе.

 

Ова барање можеш да го доставиш до Јанг Лајф преку е-порака на privacy@younglife.org.

 

7.       Право да ја повлечеш согласноста

 

Јанг Лајф првенствено ги обработува твоите податоци врз основа на нашите легитимни интереси и други обврски. Сепак, таму каде што ни имаш дадено согласност за обработка на твоите лични податоци, имаш право и да ја повлечеш истата, и ние веднаш ќе ти одговориме на тоа.

 

Ова барање можеш да го доставиш до Јанг Лајф преку е-порака на privacy@younglife.org.

 

8.       Право да поднесеш жалба до надлежните органи за заштита на личните податоци

 

Ние сакаме да ти ја понудиме најдобрата услуга во врска со овие барања, и секој конфликт што го имаш со Јанг Лајф во врска со обработката на податоците да го решиме. Сепак, ти имаш право да ги контактираш надлежните органи за заштита на личните податоци во твојата земја за да побараш помош или да поднесеш жалба.

 

Иако правата објаснети погоре не важат за оние кои не се во Европската економска зона и во Обединетото Кралство, како права и слободи, сепак, ние се грижиме за твоите прашања и грижи поврзани со твоите лични податоци. Ако не се наоѓаш во Европската економска зона или во Обединетото Кралство, можеш да ги контактираш Јанг Лајф на privacy@younglife.org за какви било прашања.

 

Безбедност

За да ги заштитиме податоците кои ги прибираме, Јанг Лајф примени соодветни физички, електронски и менаџерски процедури за да спречи недозволен пристап и за одржување на точноста на податоците. SSL протоколот се користи таму каде што е достапен за кодирање и заштита на секаков интернет пренос на податоци.  Иконата со катанец во твојот прозорец за пребарување значи дека интернет страницата е безбедна. Понекогаш се користи и лозинка за заштита на твојата приватност и безбедност. Јанг Лајф ќе продолжи да ги зголемува моменталните безбедносни процедури и да присвојува нови безбедносни протоколи ако е потребно за да се пресретнат стандардите за грижа која ја ветуваме во нашите полиси и во оваа изјава за заштита на личните податоци.

Јанг Лајф, исто така, е посветена веднаш да одговори на каква било можна злоупотреба на податоците и да воспостави Процес на протокол при злоупотреба на податоците, што вклучува навремени известувања таму каде што важечките закони ги бараат.

 

Информации прибирани од Колачиња и технологија

Интернет страницата на Јанг Лајф користи колачиња за да те препознае и да ти дозволи автоматски да се најавиш без да го внесуваш твоето корисничко име и лозинка секогаш кога ја посетуваш нашата страница. Колачињата се кодирани и можат да чуваат дел од твоите лични информации за идентификација, вклучувајќи го и твоите име, корисничко име, и е-адреса. Ако колачињата се исклучени на твојот пребарувач, сé уште ќе можеш да ја користиш интернет страницата на Јанг Лајф, но ќе мора да ја внесуваш твојата лозинка секогаш кога ја посетуваш страницата.

 

Информации поврзани содеца

Општо земено, интернет страниците на Јанг Лајф се информативни за родителите и децата, за работата на Јанг Лајф. Нашата намера е да понудиме безбедна, забавна средина, каде децата и нивните родители можат да истражуваат за Јанг Лајф, за нивниот клуб  и за други активности на Јанг Лајф. Ниту една од интернет страниците на Јанг Лајф намерно не ги бара личните податоци на децата под 13 години, освен таму каде што истите мора да бидат земени од децата и/или нивните родители за да се овозможи учество во настаните и активностите на Јанг Лајф.

Ние се грижиме за приватноста на децата и посветуваме многу внимание на заштита на личните податоци на сите деца. Не бараме ниту едно дете да ни дава лични податоци за ништо друго, освен ако е неопходно за учество во одредени активности, и никогаш не го условуваме учеството на едно дете во некоја активности со откривање на повеќе лични податоци отколку што е разумно неопходно за негово учество во дадената активност. До сите лични податоци што ги прибираме може да пристапат само овластени вработени лица и волонтери во Јанг Лајф, и само оние луѓе кои ќе побараат пристап можат да ги видат овие информации за целите опишани погоре. Напорно работиме за да ја зачуваме доверливоста, безбедноста и интегритетот на овие информации.  

Како служба за деца, Јанг Лајф е длабоко посветена на заштитата и благосостојбата на децата. Имаме процедури и полиси кои се наменети да обезбедат усогласување со важечките закони за приватност и ги користиме општо прифатените најдобри пракси, особено оние поврзани со известувања до и согласност од родителите. Родителите, во секое време, имаат право да побараат, информациите добиени за нивните деца да се отстранат од мрежата и базата на податоци на Јанг Лајф. Можеш да ги контактираш Јанг Лајф на privacy@younglife.org.

 ​


​​​